Производителите на пченица поделени околу откупната цена

 

 Земјоделците кои денеска присуствуваа на средбата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се поделени околу откупната цена на пченицата од 11 денари за килограм што ја понудија мелничарите.

Едни велат дека родот не го даваат додека не се постигне повисока цена, а други дека сумата е добра и дека ако производителите понудат подобар квалитет ќе добијат и повисока цена.

- Цената што ни беше понудена, 11 денари за килограм, не ја прифаќаме. Сметаме дека е многу ниска и не ги покрива производните трошоци. Пченицата ќе ја чуваме додека не се постигне повисока цена, изјави Драги Мицковски од Здружението на производителите во Прилепско.

Според Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци, цената е сосема прифатлива со оглед на квалитетот.

Тој оцени и дека годинава се очекуваат пониски приноси, два до 2,5 тони на хектар за разлика од лани кога просекот беше 3,5 тони. Намалено ќе биде и вкупното производство. 

Шаклев го поздрави предлогот на мелничарите да ја чуваат пченицата на производителите во своите силоси.

Денешната средба е продолжение на претходните две, а ја иницираше ресорниот министер Михаил Цветков. На неа присуствуваа и претставници на Агенцијата за храна, како и на Инспекторатот за земјоделство.

Преработувачите понудија 11 денари за килограм пченица од која се прави леб, а за секоја со послаб квалитет, како што рекоа, цената ќе биде пониска. Доколку, пак, им биде понудена премиум пченица, тогаш можеби ќе понудат и повисока цена, но тоа единствено може да биде работа на договор меѓу двете страни

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега