Монструмот призна како го убил бебето: „Плачеше, па го треснав од под“

Дваесет и пет годишниот Куртиш Куртиши, кој на монструозен начин го уби својот едногодишен син Д.М., сега на сите можни начини се обидува да се извлече од затвор, тврдејќи дека тоа го направил, бидејќи на него влијаеле наркотиците и алкохолот, дознава српски Ало. Одбраната на Куртиши е полна со нелогичности, бидејќи изјави дека се сеќава дека бебето плачело, па го земал да го смири, а бидејќи не успеал, се изнервирал, го подигнал бебето високо над глава и го треснал од подот во куќата во Земун!

Раскажа и дека не се сеќава на сите детали и повреди, кои му ги нанел на бебето. Иако во полиција призна дека го претепал бебето, Куртиши вчера кај обвинителот само молчел!

- Тој во полиција раскажа дека не се сеќава на се, но кажа дека бебето било немирно и дека плачело, па тој го земал од креветот и го фрлил на под. Наводно не знае какви повреди му нанел кога го клоцал и газел. Во полиција не покажувал никакви знаци на каење, па и тоа укажува на отсуство на емоции. Тој одлучил кај обвинителот да се брани со молчење, изјави извор за Ало.

Полицијата се сомнева дека Куртиши во моментот кога го убил бебето бил под дејство на мешавина од наркотици и други психоактивни супстанци.

- Тој комбинирал инхаланс, поточно лепак и разредувач со алкохол и лекови „амизол“ и „напроцилин“. Инхалансите ја менуваат состојбата на свеста и можат да предизвикаат неконтролирано агресивно однесување. А комбинацијата од алкохол и лековите „амизол“ и „напроцилин“, го доведуваат човекот првично во мирна состојба, а неколку часа подоцна предизвикуваат психоза, неконтролиран напад на бес особено ако личноста која ги конзумира мисли дека некој ја иритира или на некој начин провоцира, додава изворот.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега