ВИДЕО: Скандал во Ѕвездите на Пинк: Го нападна натпреварувачот зошто носи Икона
Харис Џиновиќ иконата на Христ Спасител ја нарече бајалица, со што предизвика шок кај гледачите и публиката во студиото пренесоа регионалните медиуми.
Марко Столиќ, еден од натпреварувачите, во предниот џеб на панталоните носел икона, која се наѕирала под материјалот. Членот на жирито го забележал ова, па наместо да се сконцентрира на пеењето на момчето, тој вниманието го насочил кон нешто друго.
„Кога веќе носиш толку тесни панталони, извади го тој телефон или кутијата цигари од џебот, се познаваат“, кажал Харис, на што Марко но и водителот Милан Калиниќ му сугерираа дека момчето во џебот носи икона.
„Тоа се бајалици?! Па префрли ја во задниот џеб“, кажал Џиновиќ и предизвика реакција не само кај присутните во студиото туку и од останатите членови на жирито, кои застана во одбрана на натпреварувачот. „Иконите се сосема во ред, а ти секако пееш одлично“ се спротивстави Марина, на што Цеца додала:Јас ги разбирам тие икони кои ги носиш во џебот и може да ти речам дека пријатно ме изненади кога слушнав дека ги носиш.
ИЗВОР:ВИСТИНА
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа