На полицаец од Бостон срцето не му работело 45 минути, но сепак преживеал
Тој бил приклучен на апаратите за дишење и според лекарите неговата состојба е стабилна. Сепак тие се внимателни во проценките дали тој ќе може целосно да се опорави и дека ќе може нормално да се движи.
Припадникот на сообраќајната полиција на заливот Масачусетс, кој е ранет во престрелката со осомничените , приклучен е на апарати за дишење и неговата состојба е стабилна но критична. Лекарите велат дека се “внимателно оптимистични” кога се работи за тоа дали тој целосно ќе заздрави и ќе почне да оди.
-Како брат, колега и Американец, неможам даја опишам гордоста која ја осетив поради она што го направија Дик и останатите полицајци во петокот наутро. Знаците се позитивни и се надеваме дека брзо ќе се опорави“, рекол неговиот помлад брат, кој е исто така полицаец во регионот на Бостон.