Фатен разбојник баран со меѓународна потерница на граничниот премин Богородица

Вчера на граничниот премин Богородица бил фатен разбојник баран со меѓународна потерница.

Разбојникот бил фатен во 19 часот и 30 минути на граничниот Богородица, за излез од Република Македонија во возило марка “Рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од страна на 42-годишниот П.С. во кое како сопатник бил 49-годишниот З.А. од Србија.

По извршените проверки и увидот во компјутерската евиденција било утврдено дека З.А. евидира со мерка ,„Апси‘‘, истиот се барал со меѓународна потерница за сторени кривични дела “измама” на територијата на Р. Србија. 

најчитано сега