Колку денеска би чинеле изградбата на пирамидите и Колосеумите?

Познатите градевини кои денеска се светски атракции се градени кога било многу потешко да се обезбеди материјал и човечка работна сила.

Дејли Мејл открива колку денеска би чинело да се изгради таква градба и очигледно најскапа би била изградбата на Голема пирамида во Газа која би чинела нешто над 777 милиони евра.

Само материјалите за градење на пирамиди би чинеле речиси 690 милиони евра. Оригиналната пирамида е градена речиси 30 години, и ја градее над десетина илјади луѓе/ Денеска би било потребно 600 работници за чии плати би требало да се издвојат преку 35 милиони, и 53 милиони за дигалки, што заедно со кречењето би чинело преку 777 милиони евра.

Колосеумот во Рим би бил изграден за 10 години, а денеска би чинел околу 336 милиони евра. Материјалот од кој е направен би чинел 143 милиони.

Ајфеловата кула би чинела преку 27 милиони евра, а првобитно било потребно да се направи две години. Денеска материјалите би биле релативно ефтини, највише би чинела бојата, и тоа преку пола милион евра.

Кривата кула во Пиза би чинела 3,6 милиони, од кои преку 2,5 милиона би биле наменети за набавка на бел мермер од кој е граден.

 

Импозантната статуа на Христос во Рио де Жанерио денеска би чинела нешто преку 1,2 милиони евра, а  Кипот на Слободата во Њујорк нешто преку милион евра.  

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега