Милчин се збогува со СОРОС

 

Фани Каранфилова-Пановска, според информациите, е избрана за нов извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“ пишува Утрински весник. Долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор 67-годишниот Владимир Милчин, кој по 23 години лидерство го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа. 

Претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Маја Бојаџиевска, вчера не одговараше на телефонските повици за да ја потврди или демантира ваквата информација. Околу промената на врвот не сакаше да коментира ниту Милчин, кој вечерва ја има премиерата на својата нова театарска претстава: „Денес не напишав ни збор“. Во кусиот телефонски разговор, тој само ни потврди дека на водечкото место во ФООМ останува до 30 јуни. 

Изборот на нов извршен директор на ФООМ неколку месеци се одвиваше во целосна тајност. Претседателката на УО, Бојаџиевска, во февруари ни изјави дека повлекувањето на Милчин е логично и природно, „со оглед на тоа што секој во својот животен век еден ден заминува од работното место“. Таа рече дека новиот лидер ќе треба да поседува повисок степен на образование, да има искуство во раководењето и да покаже посветеност на основните вредности на концептот за отворено општество и дека конечниот избор ќе биде во рацете на сопственикот Џорџ Сорос, кој ќе треба да ја аминува препораката од Скопје. 

Според информации, во трката влегле познати новинари, професори, уметници, лица од јавниот живот, а последниот изборен филтер, како што веќе објавивме, го минале Каранфилова-Пановска и експретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кој се ангажираше политичкиво 2009 година, по враќањето на Бранко Црвенковски на лидерската функција на СДСМ, а претходно беше ангажиран во Форум-центарот за стратегиски истражувања.

Повеќе на Утрински весник

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега