Се подготвуваат одмазнички акции за Куманово - кои лица се потенцијална мета?

Судии, јавни обвинители, вработени во државните институции, воени лица па и дипломати. Сите овие категории лица се потенцијална мета на поддржувачите на терористичката група од Диво насеље. Инструктивната телеграма за која објави вчера Сител, не ги предупредува само челниците на полицијата. Оперативните сознанија говореле дека е можно грабнување и на други граѓани поврзани со функционирањето на државата кои потоа би биле предмет на барање за размена со притворените терористи од акцијата во Куманово.

Телеграмата испратена од највисокото полициско раководство дава инструкции за подигнување на нивото на безбедност и мобилност на полицијата.

Извори од МВР потврдуваат декас според насоките, веќе е зајакнато нивото на безбедност на министерството, даденис е инструкции околу одржувањето и располагањето со оружјето и друга опрема, утврден е начинот на патролирање и користење на службени возила а дадени  се и инструкции за засилен андзор на северната граница како и контрола на напуштените објекти близу границата со Косово.

Оперативните сознанија не ја отфрлаат можноста и за други акции кои би биле организирани како одмазда за неутрализирањето на терористичката група во Диво насеље.

 

Последните сознанија од истрагата покажаа дека кумановската група била инволвирана и во службата во Госинце и дека била исклучително опасна. Податоците добиени преку Интерпол покажале дека 21 од членовите на групата се барале за дури 104 различни кривични дела меѓу кои и убиства, киднапирања, насилство разбојништво.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега