Џајковски, „Фолтин“ и „Бед Копи“ на јубилејниот Д ФЕСТИВАЛ

Уникатниот Д ФЕСТИВАЛ оваа година го прославува своето петто издание кое ќе се одржи за прв пат со тридневна програма и фестивалски камп, од 17. до 19. јули во Дојран. Во чест на својот прв јубилеј фестивалот подготвува богата музичка програма на повеќе бини и разновидни дополнителни активности за незаборавен провод на своите посетители, а во тоа име ги претставуваме првите изведувачи за петтиот Д ФЕСТИВАЛ: пионерот во промовирањето на електронската музика ширум Балканот КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, контроверзното, немилосрдно и најпопуларно српско хип-хоп трио „БЕД КОПИ“, битолскиот состав „ФОЛТИН“ како еден од најуникатните бендови кои ги изнедрила домашната сцена и енергичните „БАИЛДСА“ на кои првото издание на Д ФЕСТИВАЛ им беше отскочна даска во балканската кариера!

Еден од предводниците на програмата на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ 2015 е македонскиот композитор и музички продуцент КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ кој ќе настапи со диџеј сет во саботната вечер на фестивалот, на 18. јули. Џајковски беше ѕвездата на првото издание на Д ФЕСТИВАЛ, а неговиот настап остана запаметен како еден од најдобрите на овој фестивал воопшто и имаше голем удел во успехот на Д ФЕСТИВАЛ како квалитетна фестивалска дестинација. Годинава главната бина на Д ФЕСТИВАЛ повторно ја има честа да биде домаќин на еден од најпрепознатливите балкански електро уметници во светот и заедно да го прославиме првиот јубилеј на фестивалот. На Д ФЕСТИВАЛ тој ќе настапи заедно со извонредната и омилена на македонската публика ТК ВОНДЕРКирил Џајковски и ТК Вондер доаѓаат на Д ФЕСТИВАЛ веднаш по нивниот настап во јули на еден од најреномираните европски фестивали, шпанскиот Круила Барселона каде што настапуваат и Лорен Хил, Емели Санде, Франц Фердинанд, Кендрик Ламар, Алое Блек и тн.

1doj.jpg500

Истиот ден, боите на домашната сцена на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ ќе ги брани култниот битолски состав „ФОЛТИН“. Играјќи си со различни жанровски пристапи, преку џез, џипси, поп, рок, ворлд мјузик, електро, овој бенд со својот специфичен и препознатлив звук стана омилен на македонската публика и е бенд со кој е неизбежна одличната забава. На почетокот на мај годинава пак, „Фолтин“ го промовираа и својот најнов албум „Пијан славеј“ кој ќе имаме чест да ги чуеме во живо на Д ФЕСТИВАЛ каде што со нетрпение ја очекуваме уникатната живописна и танцувачка моќ на овој состав.

2doj.jpg500

Големата прослава на отворањето на Д ФЕСТИВАЛ во петок на 17. јули е загарантирана со тројцата предводници на српската хип-хоп сцена здружени под веќе славното име „БЕД КОПИ“ (BAD COPY), како состав чии настапи во Македонија редовно оставаат најголем впечаток кај публиката. Добро упатените без сомнеж знаат дека овие момци ќе ја приредат една од најжестоките забави на главната бина на фестивалот. Доколку пак Д ФЕСТИВАЛ е вашата прва средба со „Бед Копи“ ни останува само да ви препорачаме дека она што овие момци го презентираат на нивните настапи дефинитивно го заслужува вашето внимание и не смеете да го пропуштите нивниот препознатлив сатиричен стил поради кој станаа и една од најпопуларните хип-хоп групи во регионот.

На 19. јули на Д ФЕСТИВАЛ се враќа и „БАИЛДСА“, бендот од Солун кој својата регионална кариера  ја започна токму со првото издание на овој фестивал. „Баилдса“ во својот музички израз ги комбинира балканските звуци со пост панк естетиката. Првиот албум на групата се појави во 2011. година, насловен „United States of Balkans“. „Баилдса“ неодамна го издадоа и вториот албум со наслов “zVaRnA” и се подготвени да го натоварат комбето и како и Ромите – “родени во земја, не во нација” да патуваат низ светот, во кој посебно место има токму Д ФЕСТИВАЛ.

Покрај првите потврдени изведувачи, програмата на Д ФЕСТИВАЛ оваа година ќе претстави повеќе од триесет музички имиња и повеќе изненадувања кои наскоро ќе бидат откриени.
Влезниците во претпродажба од 20. мај! Четиридневен одмор за 600 денари!

Продажбата на првите влезници за Д ФЕСТИВАЛ 2015 со промотивни ценистартува во среда, 20. мај! Во рамки на претпродажбата достапни ќе бидаттридневните фестивалски влезници кои вклучуваат и бесплатен камп, а чинат само 600 денари. Кампот на Д ФЕСТИВАЛ ќе биде отворен на 16. јули, веќе ден пред официјалниот почеток на програмата. Покрај фестивалските, ќе се продаваат и еднодневните влезници за Д ФЕСТИВАЛ по цена од250 денари (за петок и сабота) и 350 денари (за недела).

Претпродажбата ќе се спроведува до 1. јули и се однесува на ограничен број на влезници, па ги советуваме сите посетители кои ќе одлучат да бидат дел од јубилејната прослава на Д ФЕСТИВАЛ и најдобрата летна фестивалска атмосфера кај нас, да бидат брзи за да ги искористат поволностите на овој контингент влезници.

ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ:
Ден 1 (17. Јули) – 250 денари
Ден 2 (18. Јули) – 250 денари
Ден 3 (19. Јули) – 350 денари

ФЕСТИВАЛСКА ВЛЕЗНИЦА (+ бесплатен камп) – 600 денари

Продажбата на влезниците се спроведува преку МКТИКЕТС или поточно во:

продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;

во Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако  Гоги – Драчево, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8;

во Тетово: Алпине Спорт;

во Охрид: Њу Тобако;

во Кавадарци: Ровим Ком.

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега