Денеска ќе се знае дали струјата ќе поевтини
Денеска Регулаторната Комисија за енергетика ќе одличи дали ќе поевтини цената на електричната енергија.
Имено, Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес конференција ќе ја обелодени конечната одлука за цената на струјата, која како што пренесе Дневник, ќе се намали за 5,2 отсто.
Намалувањето на цената најверојатно се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, а улога игра и падот на цената на струјата на светските пазари.
ФОТО: А1.он