Децата од социјално загрозени семејства сместени во струшкото одморалиште

Во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга денеска пристигнаа 120 деца од социјалните семејства кои ќе летуваат седум дена на струшкото крајбрежје.

Управителот на одморалиштетто Јован Паскоски информира дека дечињата ги дочекале подготвени.

- Уште со потпишувањето на договорот со Министерството за труд и социјална политика бевме во подготовка на одморалиштето. Се е подготвено и ставено во функција. Децата пристигнаа, се сместија и се надевам дека ќе поминат незаборавен одмор со желба повторно да се вратат овде, рече Паскоски.

- Доколку е возможно, да се помогне од страна на државата во стандардниот дел, да се направи стандардизација на детските соби, инаку се друго е во ред, додава Паскоски.

Министерството за труд и социјала втора година организира летување за деца  од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2013 година. Минатата година 3.000 деца заминаа на бесплатен одмор од кои 2.000 на летен во Струга и 1.000 на зимски одмор на Пелистер. 

ФОТО: Кичево.мк

најчитано сега