12 години од загинувањето на бранителот Коста Волканоски

 

Денеска во Неготина беа одбележани 12 години од загинувањето на Коста Волкановски бранител на Македонија во конфликтот во 2001 година. По тој повод градоначалникот Ванчо Апостолов како и членови од потесното семејство на Волканоски положија цвеќе пред спомен бистата. Настанот го проследија и претставници од локалната самоуправам членови на полицискиот синдикат и резервни воени старешини, претставници на АРМ и други. 

- Да не дозволиме да се избришат спомените на нашиот колега Коста. Во негова чест ние денеска се собравме пред неговата биста да му оддадеме почит и да му покажеме дека се уште е во нашите сеќавања и така и ќе остане, рече претседателот на полицискиот синдикат, Диме Михаилов.

најчитано сега