Опозицијата удри по СДСМ - на Бихаќка пред експлозија

Опозицијата удри против опозицијата. Функционерите на Бихаќка ги одбројуваат последните моменти пред финалната експлозија.

Разногласие, паника, и спротивставени ставови е се што може да види од опозициските кадри и луѓето кои одработуваат во нивна корист.

Експертите коментираат дека во СДСМ се соочени со фактот дека кај граѓаните не поминува сценариото преку криминално прислушување, без избори да се дојде на власт. Според нив фактите кои излегоа во јавноста целосно го разобличија сценариото на Заев, по што станува се поизвесно дека опозицискиот лидер и неговите соработници ќе имаат сериозни проблеми со законот.  Во таква ситуација, опозицијата прво тивко а сега се погласно, директно или преку свои посредници ја лансира темата за амнестија на учесниците во сценариото на Заев, анализира Сител

Прв се јави уредникот на соросовиот Фокус, Зоран Димитровски кој уште на средината од минатиот месец предложи 10 мерки за решавање на кризата каде клучно барање беше донесување на закон за амнестија на обвинетите во аферата Пуч.

Следеше колумна на Бранко Геровски кој важи за предводник на соросвиот новинарски табор и себе си се претставува како главен медиумски советник на опозицијата. И тој како и Димитровски само скриен зад наводни странски дипломати заговараше затворање на отворените кривични случаи преку општа амнестија.

Тезата ја прифати  и дополнително ја разработи најблискиот коалиционен партнер на Црвенковски и жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски кој вчера отворено побара амнестија за Заев и неговата мрежа предводена од Верушевски.

И кога опозицијата ги даде своите предлози, опозицијата почна да си ги напаѓа.

Владимир Милчин, првиот човек на СОРОС и главен финансиер на најголемиот дел од активностите на СДСМ се закани дека нема да биде простено доколку СДСМ прифати амнестија.

„Нема да биде простено ако СДСМ во името на привидната стабилност потклекне под притисокот на странците и прифати уште еден компромис чие вистинско име е капитулација“ – напиша Милчин.

Соочени со се пожестоката внатре партиска битка, раководството на СДСМ денеска направи обид да ја избалансира ситуацијата. 

Партиски извори велат дека на раководството на Бихаќка е на крстопат меѓу желбата да се обезбеди амнeстија за Зоран Заев и да не се загуби дел од радикалното крило и финансиските средства кои доаѓаат од кланот предводен од Милчин кој сериозно се заканува преку СОРОС комплетно да ја преземе партијата.

Од една страна, раководството на СДСМ посакува сценарио кое ќе му овозможи на Заев да се спаси од затворска казна и токму затоа, преку своите структури во новинарството и јавниот живот ги лансира овие тези но од друга, мора да создава слика, дека тоа нема да го дозволи. Токму затоа, Петре Шилегов денеска на Facebook во завиена форма кажа дека аменстија нема да има и дека СДСМ за тоа не преговара.

Сепак, партиски извори велат дека тоа не значи ништо бидејќи Петре Шилегов секогаш се пушта низ вода кога Заев ќе реши јавно да го смени ставот. Последен беше случајот кога Шилегов тврдеше дека раководството на СДСМ нема контакти со Верушевски а по некое време, Заев сам призна дека тесно соработувал со екс директорот на ДБК.

И додека трае борбата на релација СДСМ – СОРОС во ВМРО-ДПМНЕ децидни. Членот на извршниот комитет на вадеачката партија Алксандар Николовски денеска излезе со јасен став дека ВМРО-ДПМНЕ е за политичка и правна разрешница на случајот и дека амнестија нема да има.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега