Таткото на Фросина за кобната вечер: Пиштеа полициски коли, видовме низ прозор и шпринт надвор излеговме

 

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата, тој рече не.

– Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето како и секоја вечер што си излага си излезе сама со кутрето. Како што знае јавноста, таа е моден дизајнер, 4 година по ред сега оваа недела е некои најголеми модни случувања во Париз и со институтот на Изет Цури они одат таму и она си ги завршуваше тие некои последни работи затоа и беше излезена. Слушнавме само брза помош, пискотници и сопругата и ѕвони не одговара на телефон, јас и ѕвонам не одговара на телефон, пиштат полициски коли, гледаме низ прозор 20 полициски возила, специјалци, чуда. Не треба ако дете не ти одговара не телефон да знаеш дека нешто се случило и шпринт тоа е, вели Тодоров.

04.02.2025 - 20:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега