Лекарите предупредуваат: Започна сезоната на колапси

 

Лекарите ги предупредуваат граѓаните дека започна сезоната на колапси, па затоа треба особено да внимаваат на своето здравје, пренесува Здравство24.

Само за 3 дена скопската Брза помош интервенирала кај пет колапси од кои најголемиот дел се случиле за време на изминатиот викенд, кога температурите се искачија над 20-тиот степен поради што 32-годишна жена колабирала во Трговскиот центар, 20-годишен дечко и 77-годишен старец паднале на улица.

- “Носење на соодветна облека, пиење на течности и избегнување долго стоење на сонце. Хроничните пациенти да ја земаат редовната терапија. Oва е период кога настинките се во пораст, организмот е ослабнат и лесно може да дојде до колабирање”, велат лекари од Брза помош за zdravstvo24.

Периодот на интервенции бил во времето од 10 до 16 часот.

Повеќе на здравство24. 

ФОТО:Сител

 

најчитано сега