Две страшни сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои две се со последица материјална штета и 10 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, пет пешаци и тројца сопатници.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 10 часот и 20 минути на улицата „Бутелска“ во која со тешки повреди се здобил еден пешак, а втората во 20 часот и 45 минути на улицата „Радован Ковачевиќ“ во која учествувале три патнички моторни возила при што двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди, а еден возач со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 20 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Единаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, како и пет лица кои го управувале возилото без важечка возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За време на претстојниот викенд има најави за неколку настани, пред се спортски натпревари и музички концерт, меѓутоа не се очекува истите да битно да влијаат на безбедноста и проточноста на сообраќајот. Настаните ќе бидат под опсервација на сообраќајната полиција и ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега