Груевски: Барањето за преодна влада е можно, но без ВМРО-ДПМНЕ во неа
Премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СЦ Борис Трајковски, му порача на Зоран Заев дека барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо, но без ВМРО-ДПМНЕ во нејзе.
-Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легитимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада а кој не. Со формирање на преодна влада се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите, порача Груевски.
Тој исто така посочи дека дека станува збор за големи прашања, а не за Заев и дека и самиот тој го знае тоа.
-Ти можеш само да шпекулираш, креираш, дополнително да сечеш материјали, да ги рушиш позициите на државата свесно, обидувајќи се да ја искривиш реалноста. Е кога сме кај големите прашања, ние имаме јасен и дециден став и не ни треба преодна влада за да ни држи страв или за да креира решенија кои ќе треба на сила да се истуркаат, додаде Груевски.
Премиерот Груевски уште еднаш го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ за името, кој воедно е и објавен во нивната програма:
1. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.
2. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура.
3. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција да биде прифатено од страна на политичари поединци, влада или собрание без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можно решение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа