Трогателно: Организирала венчавка штом дознала дека момчето и боледува од рак

 

40-годишниот Крис Кларк ја запросил својата 30-годишна девојка Шарлот само неколку минути откако дознал дека боледува од рак.

Шарлот откако дознала што се случува веднаш организирала венчавка која била направена во рок од 10 дена. 

- Нашата веридба и онака требаше да се случи, само беше прашање на време, вели Шарлот.

- Се надеваме дека ракот ќе престане да расте и дека ќе може да живееме заедно и да бидеме среќно семејство. Не губиме надеж, додава девојката.

Инаку, тие се во врска шест години.

најчитано сега