Бразил на нозе - 18 годишно момче го загуби животот
Група учесници на протестите во Бразил, синоќа упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бразилија, при што се судирија со полицајците кои употребија палки и солазавец за растерување на демонстрантите.
Полицијата соопшти дека упасила две лица од групата која го нападнала Министерството.
Бразилските медиуми јавија дека едно 18-годишно момче загинало во градот Рибејрао Прето, на околу 300 километри северно од Сао Паоло, кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти.
Според полициским извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу 800.000 и еден милион лица.