Летово ќе уживаме: Се прави првата жичара на вода во Дојран

За новата сезона Дојран ќе понуди и нови содржини за туристите, а Кејбл вејк паркот ќе биде само една од нив.

Првата жичара на вода во државата која ќе биде изградена токму на Дојранското Езеро е дел од проектот насловен Фејс Дојран, а ќе се реализра во соработка со општина Кукуш како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

-Првично она што е предвидено во рамки на проектот е изградбата на водениот парк или жичарата на вода која се надеваме дека во текот на летниот период ќе успееме да биде готова и отворена. Меѓутоа проектот ќе вклучува и други активности како мапирање на велосипедски патеки, пешачки патеки на ридовите над Дојран околу фронтовата линија, вели Борче Стамов, градоначалник на општина Дојран.

Инаку, вкупниот буџет на проект Фејс Дојран изнесува околу 800.000 евра од кои 500.000 се наменети за содржините во Дојран, а другиот дел за проектот што го реализира општина Кукуш.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:01
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега