Ново училиште во селото Моштица, Македонска Каменица

Во селото Моштица, општина Македонска Каменица стартува изградбата на ново училиште, со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука.

- Благодарение на разбирањето од ресорното Министерство, од наредната учебна година учениците од прво до четврто одделение од Моштица ќе учат во новиот објект што се гради според највисоки градежни и педагошки стандарди, вели Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица.

Училиштето е од монтажен тип со димензии 13 на 9 метри и со вкупна површина од 117 метри квадратни. Изведувач е компанијата „Макострој„ од Битола. 

Објектот на старото училиште ќе биде реновиран со средства од Општинскиот буџет и ќе служи за потребите на Месната заедница во селото.

ФОТО: Inpress

најчитано сега