Лош крај за скопјаните кои носеа мигранти во Македонија

Скопјаните С.С. (18), С.Б. (30) и К.С. (30) како и А.Б. (36), П.Д. (53) и К.К. (29) си заработија кривични пријави поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

Во првиот случај, на 13 овој месец, околу 03 часот, на автопатот Е-75  кај место викано клучка Прдејци, општина Гевгелија, кај исклучокот кон село Негорци, С.С. во „Сeат Толедо“ со скопски регистарски таблички прифатил да превезе седум возрасни мигранти и едно малолетно дете кои нелегално влегле во Македонија од Грција, додека „Опел Астра“ сопственост на С.Б., во кое бил и К.С., се движело како претходница, внимавајќи на полициска контрола.

Кога пријавените дошле во близина на Прдејци, на исклучокот кон Негорци, С.С. се исклучил од автопатот Е-75 и се упатил кон Негорци каде што ја прифатил групата нелегални мигранти, пет државјани на Алжир, еден на Мароко и двајца од Сирија.

По предходно преземени оперативно тактички мерки за набљудување и следење на движењето, посочените возила се забележани во повеќе наврати на делницата од автопатот Е-75 од село Смоквица до Прдејци и обратно, по што, при обид полициски службеници да ги контролираат на магистралниот пат Гевгелија-Скопје, околу 500 метри пред паркингот кај исклучок кон село Милетково, С.С. се дал во бегство, оставајќи ги мигрантите од кои дел се пронајдени во возилото, а дел се приведени дополнително.

Со пријавените се извршени разговори, со првопријавениот во присуство на социјален работник од Меѓуопштински центар за социјални работи - Гевгелија затоа што по кажување на С.С е малолетен и не е внесен во единствениот систем на матична евиденција на граѓани во Македонија. Од него со потврда е одземено патничко моторно возило „Сеат Толедо“, а истото е направено и со патничко моторно возило „Опел Астра“. Инаку Истражен судија на С.С., С.Б., и К.С. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај, според документираните сознанија на истрагата на 14-ти овој месец А.Б., П.Д. и К.К. по претходен меѓусебен договор со цел да извршат превезување помала група мигранти од Скопје дошле на подрачјето на Гевгелија каде во близина на село Богородица извршиле прифаќање на четворица авганистански мигранти, кои се пронајдени во патничко моторно возило марка „Мазда“ со битолски регистарски таблички сопственост на Љ.М., а управувано од А.Б. кој во возилото бил заедно со П.Д. Третопријавениот во овој случај К.К. со „Мазда 626“ со скопски регистарски таблички вршел опсервирање на автопатот заради избегнување полициска контрола.

Турата ја договорил А.Б. со непознато лице од Куманово да земат мигранти од Богородица и да ги пренесат до Скопје. Во Гевгелија стигнале околу пладне, а потоа се упатиле кон село Богородица, по што А.Б. по телефон се слушнал со непознато лице од Куманово кое му рекло да чекаат натамошни инструкции, и тие чекале пред селската продавница, кога за кратко време им пришол црно момче со кратка коса и потоа сите тргнале кон излезот на Богородица, а К.К. останал пред продавницата. Во близина на каналот од големите трски  излегле четири лица мигранти-Авганистанци, кои ги ставиле патните торби  во багажникот и се сместиле на задното седиште од возилото на  А.Б. За услугата веднаш им наплатиле по 100 евра од човек или вкупно 400 евра кои ги зел П.Д. и потоа стапиле во контакт со К.К. и му кажале каде да дојде, и по спореден паралелен пат излегле сите на регионалниот пат Гевгелија Скопје-Е 75 тргнувајќи кон Скопје.

К.К. возел напред како претходница, а зад него А.Б. и П.Д. со мигрантите, во постојан телефонски контакт со него. Околу 19,15 часот од страна на полициски службеници од ПС за БПС Демир Капија кај м.викано„Арсова Лака„ при рутинска контрола двете возила се запрени, а мигрантите се дале во бегство кон ридот, но се фатени и сите се приведени во Полициската станица за Граничниот премин Богородица. Пријавените се лишени од слобода на и задржани во Полициската станица во Гевгелија. Истражен судија од Основен суд 1 Скопје на тројцата им определи мерка притвор во траење од  30 дена, додека лицата мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје.

Исто така „Југ“ поднесе кривична пријава против М.Т. (38) со двојно државјанство (Македонија и Албанија) и И.С. (33) од Прилеп, за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие на 16 овој месец, околу 07 часот, во близина на село Полчиште,Прилепско, со патничко возило за паричен надомест од 130 евра прифатиле еден албански државјанин кој претходно илегално влегол во Македонија од Грција и го однеле во близина на граничниот премин „Ќафасан“ од каде пеш илегално заминал во Албанија. За околу еден час, тој повторно илегално влегол во Македонија заедно со уште еден албански државјанин, од каде биле преземени од пријавените. Откако пристигнале во Прилеп, имале намера со такси илегално да заминат во Грција. Истражен судија на М.Т. и И.С. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. 

најчитано сега