Скопјанец остана без Ајфон 6 - му го украле од дома
Тешка кражба вчера извршена во куќата на 45-годишниот скопјанец Х.А. Скопјанецот пријавил во полицијата дека непознато лице од домот му украло мобилен телефон “Ајфон 6“, неколку рачни часовници и разновиден златен накит, со што се стекнало со противправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.
-Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот најверојатно со употреба на физичка сила ја отворил балконска врата, влегол внатре, извршил пребарување во просториите од куќата, ги одзел горенаведените предмети и го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа