ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицијата во Лос Анџелес уби бездомник

 

Тројца полицајци пукале и убиле бездомник во борбата околу пиштолот, кој го одзел од еден од полицајците.

Минувач го снимил вознемирувачкиот настан и видеото го прикачил на Инстаграм.

Снимката која кружи на социјалните мрежи ќе биде употребена во полициската истрага, соопштила полицијата од Лос Анџелес.

Командантот на полицијата Ендру Смит изјавил дека полицајците пукале на мажот додека на земјата се бореле околу оружјето на еден од нив бидејќи електрошокот не делувал. Полицајците дошле на местото на инцидентот бидејќи претходно била пријавена кражба.

На снимката се гледа како четворица полицајци се борат со еден маж меѓу картонските кутии каде што живеат бездомниците.Во еден момент се слуша зборот “пиштол“, а по тоа следи звук на околу пет куршума испукани од огненото оружје.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега