Над 6.000 жртви од почетокот на конфликтот во Источна Украина

 

Над 6.000 лица се убиени во Источна Украина од почетокот на кризата во земјата пред речиси една година, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за човекови права, нагласувајќи дека над стотина цивили и војници се убиени само во изминатите неколку недели. 

Комесарот на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин во денешното соопштение нагласува дека истражувачите на Комесаријатот утврдиле немилосрдно уништување на човечки животи и инфраструктура во Источна Украина, каде проруските активисти се борат против силите на украинската влада. 

Комесаријатот со седиште во Женева наведува дека во изминатите неколку недели дошло до жестоки судири во Источна Украина, особено во близина на аеродромот во Доњецк и Дебалцево.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега