Пониските цени на нафтата и храната ја запреа растечката инфлација
Намалувањето на цените на нафтата на светскиот пазар придонесоа во Индонезија соодветно да паѓаат цените на превозот, а со тоа и цените на основните прехранбени производи. Падот на овие цени предизвикал и запирање на прилично големата инфлација, која во минатите три години изнесуваше, во просек, над 6,5 проценти месечно.
Пониските цени на нафтата, според домашните аналитичари, покрај економската донесоа и политичка придобивка, бидејки стивнаа и критиките на јавноста поради укинувањето на субвенците за моторни горива за кои годишно издвојуваше над 60 милијарди долари.
Субвенциите за гориво ги укина новата влада назначена од претседателот Јоко Видодо, кој стапи на должност во октомври минатата година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа