Ирачката армија започна операција за ослободување на Тикрит

 

Ирачката армија поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци почна операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, јави ирачката државна телевизија.

Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин со поддршка од артилеријата и воени авиони.

Неколку часа пред операцијата ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им вети помилување.

Тикрит е 130 километри северно од Багдад, а под контрола на ИД е од минатото лето.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега