Груевски: Од денеска дополнителни 150 милиони денари за лозарите
За лозарството досега се исплатени речиси 400 милиони денари, а од денеска почнува исплатата на дополнителни 150 милиони денари, најави вчера премиерот Никола Груевски, пренесува МИА.
Вчера одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево, Груевски нагласи дека најголем дел од овие средства се за лозарите во кавадaрeчкиот регион.
- Се работи за остварување на тоа што го имаме ветено во овој крај, дека во целост и навреме ќе ги поддржиме лозарите и другите земјоделци. Исплаќањето на субвенциите оди според предвидената динамика, така и ќе прoдолжи. Тоа што сме го зацртале и што сме го ветиле, ќе го оствариме и го остваруваме досега, напомена Груевски.
За растителното производство, додаде, вкупно ќе бидат исплатени 850 милиони денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа