Телефонот постојано ѕвони: 25.445 повици на „Ало докторе“

 

 

На „Ало докторе“ од почетокот на проектот во средината на месец септември до денес се примени 25.445  повици.

Од нив, изминативе 7 дена се остварени 1.305  повици.

20  доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

 Јавувањата најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија ,кардиовскуларни , респираторни симптоми ,кашлица ,настинки ,покачена телесна температура,стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ !  секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Др.Билјана Илиевска Поповска  од Институтот за ТБЦ ќе биде денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре Др.Тања Спировска  од Клиниката за анестезија,реанимација и интензивно лекување(КАРИЛ).

На 04 .03.2015 год. во кол центарот Ало докторе! Проф.Др.Антони Новотни   од  Клиниката за психијатрија ,на 05.03.2015 четврток Др.Ирена Кафеџиска  од Клиниката за ревматологија и во петок на 06.03.2015 год. Др.Марија Хаџи Лега Директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во сабота 07.03.2015 на 02/15123  од 18 ч до 22 часот  Др.Илијаз Исмаили  Директор на  Клиниката за очни болести  и на 08.03.2015 год. Др.Ленче Неловска  Директорка на  Геронтолошкиот завод 13 Ноември.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега