Пратениците работат со полна пареа
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 37 седница, на чиј дневен ред меѓу другите точки се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за дополнување на Законот за иновациската дејност и Предлог законот за изменување на Законот за шумите, сите во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и по Барање за давање на автентично толкување на член 9 став (5) од Законот за идентификација и регистрација на животните, поднесен од Љубица Буралиева, по Барање за давање на автентично толкување на член 113 став 2 од Законот за работни односи, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба, како и по Предлог законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во прво читање, пренесе МИА.
На дневен ред се и Дополнетиот предлог закон за општата управна постапка, измените на Законот за управната инспекција, измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, на Законот за финансиската полиција, измените на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, измените и дополнувањата на Законот за Царинската управа, сите во второ читање.
Пратениците ќе ги разгледаат и Дополнетиот предлог закон за изменување на Законот за денационализација, Предлот законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Предлог измените на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, сите во второ читање, пренесе МИА.
На дневен ред се и Предлог законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во второ читање, Предлог законот за дополнување на Законот за судска служба во второ читање...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа