Во Грција разбиена банда што продавала хероин низ целата земја
Грчката полиција уапси 10 лица, меѓу кои еден Албанец и девет Роми од кои четворица мажи, три жени и две девојчиња на возраст од 16 и 15 години, кои наводно биле членови на синџир за недозволена трговија со дрога.
Албанецот, кој наводно бил водач на бандата, во Грција внесувал хероин кој потоа со помош на неговата сопруга и ќерка го мешал, односно обработувал во лабораторија во областа Аспропиргос, јужно од Атина.
Специјалната единица за борба против наркотици во два ромски кампови во Аспропиргос и Зефири пронашла и запленила 19 килограми хероин, 773 грама кокаин, три килограми хашиш, 4,5 килограми таблети од непозната материја, две полуавтоматски пушки, ловечка пушка, два пиштола, муниција, 2.260 евра и пет автомобили.
Полицијата соопшти дека бандата во февруари годинава низ цела Грција дистрибуирала околу 30 килограми хероин. Осомничените денеска ќе бидат изведени пред обвинител.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа