Претставени судиите во Х Фактор, шоуто стартува на 22 март
Вечерва во Гранд казино во Белград на прес конференција беа објавени имињата на судиите на новата сезона од балканското музичко шоу Х Фактор.
Претходно се појавија многу шпекулации за тоа кој ќе седи во жирито, но вечeрва се покажа дека ништо од претходно објавеното не е точно.
Годинава една жена и тројца мажи ќе бидат во жирито на Х Фактор.
Во жирито нови членови се познатиот хрватски композитор и основач на групата Магазин Тончи Хуљиќ, големата хрватска поп ѕвезда Масимо Савиќ и Александра Ковач, сестра на минатогодишната членка на жирито Кристина Ковач.
Местото во жирито остана загарнатирано само за српскиот компзитор и пејач Жељко Јоксимовиќ, под чие менторство лани победи македонскиот претставник Даниел Кајмакоски.
Водители на сцена ќе бидат Антонија Блаче од Хрватска и Александар Радојичиќ.
Големото музичко шоу почнува да се емитува од 22 март ексклузивно и на ТВ Сител.
Од утре почнуваат аудициите во Белград, а оние во Скопје завршија пред две недели.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа