Скандалозен говор на омраза: Перјаниците на СДСМ со жестока омраза и повици за линч

 

Говорот на омраза и заканите на перјаниците на СДСМ ги поминаа сите досегашни граници. Повикувајќи на линч овие опозициски послушници не бираат зборови за заканите.

Саше Политико во колумна на Мактел му посакува на Трендо да лежи на земја со пиштол во уста, притоа навредувајќи го со погрдни зборови.

Навреди и говорот на омраза се упатени и кон писателот и режисер Александар Русјаков. Игор Мицковски за него вели дека е дел од џелатите на слободата и човековото достоинство и го нарекува нацист.

Бранко Тричковски пак бара праќање на луѓе од Македонија во Гвантенамо каде ќе бидат ставени во кабините за измачување.

Многупати досега се покажа дека говорот на омраза и навредите се дел од начинот на комуникација не само на раководството на СДСМ, туку и на нивните перјаниците. Последните повици за линчување се уште еден од доказите во низа.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега