Реконструирана и надградена библиотеката во Битола
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и директорот на универзитетската библиотека ,, Св. Климент Охридски '' Науме Ѓоргиевски, ги пуштија во употреба новите простории во надградениот дел од зградата на библиотеката.
Со инвестиција која вреди над 30,5 милиони денари, која што е издвоена од буџетот на министерството за култура, се изврши целосна надоградба на библиотеката, се изврши и реставрација на фасадата на стариот дел од зградата, и се направи добар спој со стариот и новиот дел кој што се надогради, изјави министерката Канчевска-Милевска.
Со надоградбата библиотеката се здоби со 500 метри квадратни функционален простор, од кој простор дел е наменет за читателите, дел за преслушување на музички изданија, како и простор за одржување на семинари, трибини и други манифестации.
Во проектите на министерството за култура кои се предвидени за оваа година, влегуваат и конзервација и реставрација на музичкото училиште, гимназијата и безистенот, кои се од исклучително значење за градот Битола.
Упатени беа честитки, и до новоизбраниот директор на ИФФК ,, Браќа Манаки '' Димитар Николовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа