Внимавајте и не излегувајте ако не морате - Македонија во жолта фаза

Македонија од денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска и утре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.

Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.

Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата. 

најчитано сега