Цеца си го отплати долгот од 1,5 милиони евра
Популарната српска пејачка Цеца ја платила последната рата од казната од милион ипол евра поради малверзација со трансферите на фудбалерите на клубот Обилиќ во странските клубови.
Од белградскиот суд изјавиле дека Цеца Ражнатовиќ ја уплатила третата рата од 500.000 евра и со тоа го подмирила својот долг.
Пејачката врз основа на спогодба со обвинителството за признавање на вината беше осудена на една година домашен затвор, а нејзината сестра Лидија Оцокољиќ на шест месеци, со обврска во буџетот на Србија да уплатат вкупно милион ипол евра на име одземена имотна корист.