Имал среќа: Се спасил од својата сопруга која си ги убивала сите љубовници
Мелиса Ен Шепард со својот сопруг во септември 2012 година со брод патувале од Нова Шкотска на Њуфаундленд, каде што 76-годишниот Фред се разболел откако испил кафе со седативи.
Но Фред не знаел дека во 1992 година неговата сопруга била осудена за убиство откако го отрула нејзиниот тогашен сопруг Гордон Стјуарт, а потоа, во близина на Халифакс, со автомобил двапати поминала над него. И била изречена шест годишна затворска казна, а таа отслужила само две.
Но таа тука не запрела , во 2005година поради труење и ограбување на Алекс Стратегос, нејзиното поранешно момче, Мелиса била осудена на затворска казна од 5 години.
Фред не знаел ништо за минатото на Мелиса, а тие еден ден по свадбата испловиле од Кејп Бретон. Кога пристигнале на пристаништето во Њуфаундлен, Фред не можел да оди. Тие се вратиле во Нова Шкотска и бил пренесен во болница.
Таа на лекарите им кажала дека нејзиниот сопруг има проблеми со простатата, деменција и хронична опструктивна белодробна болест и дека нема други роднини освен неа.
Во октомври се открило која е Мелиса и при претрес кај неа се најдени лекови.
Бидејќи немале докази дека таа извршила убиства со умисла, таа е осудена само за давање погрешни лекови.