Вучиќ: Србија учи од Македонија

Го почитуваме она што се работи во Македонија, реформите и привлекувањето на странски инвестиции. Ние учиме и прифаќаме примери од Македонија, истакна премиерот на Србија Александар Вучиќ, по денешната заедничка седница на владите на Македонија и Србија во Скопје.

-Го почитуваме она што се случува во Македонија и зголемување на растот кој што Македонија го прави. Ние учиме и прифаќаме од сето она што се случува во Македонија, ние не се срамиме од тоа, туку и сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од сите оние кои сметаат дека може да научат од некого, а ние многу учиме од нашите македонски колеги. Се надевам дека и тие некогаш ќе имаат можност да научат нешто од нас, истакна Вучиќ.

 Имавме конструктивна и продуктивна заедничка седница на владите. Очекувам договорите кои денеска ги потпишавме да бидат нов економски импулс кој ќе биде во интерес и на двете земји, рече Груевски.

Одржувањето на втората заедничка седница на владите на Македонија и Србија во Скопје, по првата одржана во Белград, е уште една потврда за континуитетот и одличната соработка помеѓу двете држави.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега