Големиот шумски пожар над Радовиш се приближува до викенд населба

Големиот шумски пожар што избувна попладнево над Радовиш и навлезе во борова шума, се приближува до викенд населба, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според него станува збор за пожар на околу седум километри од градот, а пожарникарите на ТППЕ Радовиш и локално население прават напори да ја пресечат линијата на огнот.

-Пожарникарите се обидуваат со контра пожар да ги одбранат десетината куќи и викендичките кои се наоѓаат во неспоредна близина на пожарот, изјави Ангелов.

Гаснењето на пожарот ќе продолжи и во текот на ноќта

15.07.2024 - 22:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега