Се бара питка вода за јунаците кои ноќва гасат над Битола

Пожарот во Битола во кој попладнето беа повредени двајца пожарникари, сѐ уште не е ставен под контрола, информира за МИА командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски.

Во борбата со огнената стихија, Димкоски посочи дека се вклучени 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и граѓани кои доброволно помагаат во справувањето.

Тој соопшти дека едниот од пожарникарите е задржан на лекување во битолската болница со изгореници на дланките и подлактицата.

Вечерва во битолската болница пожарникарот беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вечерва во Тема на денот на ТВ Сител појасни дека во пожарот во Битола горат нискостеблести растенија.

На социјалните мрежи се шири апел за секој што може да помогне во достава на питка вода за сите кои се вклучени во гаснењето.

15.07.2024 - 23:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега