Србија и Косово разменија офицери за врски

 

Србија и Косово денеска разменија офицери за врски, кои ќе имаат задача да ја олеснат комуникацијата во рамки на имплементацијата на Договорот од Брисел, јави Танјуг. 

Офицер за врска на Србија при Канцеларијата на ЕУ во Приштина ќе биде Дејан Павиќевиќ, а на Косово при Мисијата на Унијата во Белград - Љуљзим Пеци. 

Павиќевиќ изрази надеж дека тоа ќе помогне за Србија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. - Српската Влада манифестира голема одлучност за примена на договорите со Приштина и се надева дека Европа тоа ќе го оцени како позитивен сигнал, нагласи тој.

- Ова е многу важен ден во однос на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Очекувам отворена и добра соработка со српските државни институции и тука сум со цел да помогнам за нормализирање на односите меѓу нашите две земји, изјави Пеци.

најчитано сега