ВИДЕО: Груевски ја фрли својата бомба

Наспроти бомбите кои СДСМ ги најавува, Груевски уште во ноември најави дека и тие спремаат бомба, ама позитивна,

-Заев отсекогаш се заканувал, нека продолжи да се заканува. Ние работиме друг тип на бомби. Еве спремаме една бомбичка, но позитивна со која ќе решиме долгогодишен проблем на илјадници луѓе во Македонија. Тоа планираме наскоро да го објавиме. Ние имаме позитивен приод кон решавање на проблемите, кон реформи, кон помагање на луѓето. Тие се заглавени во друга сфера во негативним кампањи, манипулации, рече Груевски во ноември гостувајќи во Дневникот на ТВ Сител

Тој додаде: Ние ќе тераме по наше, тие по нивни, па народот нека пресуди.

Денеска владата објави информација дека ќе овозможи вработување на неопределено време за 3000 лица кои работат како хонорарци или пак се враобтени на определено време. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега