Претседателот Иванов на Михненска безбедносна конференција

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција.

Учесниците на конференцијата разговараат за борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа со акцент на Украина, за состојбата на Блискиот Исток, како и за ризиците од бегалската криза. 

Еден од најбитните заклучоци на годинашната Минхенска конференција е дека оваа година беше исполнета со предизвици, кризи, екстремизам, терористички напади, што ја прави 2015. година во која треба да се работи на надминување на овие проблеми. Во тој дел е спомнат и нашиот регион за кој главната порака е дека мора да се посвети целата енергија на процесот на интегрирање во евроатлантските структури, а што е значајна порака и за Република Македонија.

На Конференцијата, која денеска завршува, учестваат 20 шефови на држави и влади, шеесетина министри за надворешни работи и за одбрана, како и 30 извршни директори на глобални компании и парламентарни делегации.

Минхенската безбедносна конференција со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер претставува најугледен и најреномиран форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината, со особен фокус на трансатлантското партнерство.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега