ВИДЕО: Прилепчанец со џип едвај се спаси од водениот бран

Прилепчанецот Сашо Бојоски возач на џип „сузуки“ едвај се спаси откако воден бран го однесе неговото теренско возило по реката под браната на вештачкото езеро, пренесува порталот Шеталиште.

При обид да ја премине реката, надојдената вода го поткопала дното на коритото и го однесла џипот заедно со возачот десетици метри низводно, првин шантрајќи го возилото, а потоа и превртувајќи го неколку пати.

Тој успеал да излезе од џипот преполн со вода, додека брзата вода го носела џипот како хартија..

– Возилото за еден миг стана чамец без контрола, водата ми стигна до стомакот, вратата заглави, па успеав некако да го отворам прозорецот и да рипнам во водата која ме носеше десетици метри. Сум имал к’смет оти се снајдов, инаку наместо возбуда од возењето по каливите терени, ќе направев трагедија – изјави Бојоски.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега