Тмурна недела - какво ќе биде времето наредните денови?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди во североисточните делови од земјата. Ќе има и повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет особено во западните делови, пренесува МИА.

Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер којшто ќе продолжи да дува и во текот на ноќта.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен, повремено и силен северен ветер со брзина кој ќе достигнува и над 80 километри на час, а ќе има и повремени слаби врнежи од снег особено претпладне. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од минус четири до три степени.

И во наредните денови, особено до среда ќе се задржи доста студено и ветровито време со повремени слаби врнежи од снег.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега