Груевски: Владата постојано на терен со граѓаните од поплавените места

Премиерот Никола Груевски денеска беше во обиколка на местата кои беа погодени од поплавите, односно во Могила и Новаци.

-Штетите се големи за земјоделските површини, за среќа нема големи штети во делот на куќите и покуќнината што е добро. На време се интервенираше. Мештаните истакнаа дека вистинска и навремена реакција постоеше особено со доаѓањето на помошта од Владата и заедничко спојување со локалниот кризен штаб и една од клучните одлуки беше одлуката да се пресече патот, истакна Груевски.

Тој додаде дека ваквата одлука е донесена за водата наместо во селот Новаци отиде во земјоделските површини.

-Штетите ќе беа поголеми доколку стотици куќи се поплавеа тука, луѓето остaнаа без домови, без својата покуќнина и без се што заработиле, посочи премиерот кој додаде дека со кризниот штаб се разгледуваат сите детали.

Во наредните денови, според информациите од УХМР, ќе нема значителни врнежи на дожд. Премиерот вели дека опасноста не е помината, а денес имаме мало намалување на нивото на водата во поплавените подрачја.

Груевски додаде дека се што можела Владата во овој период да направени било направено.

-Луѓето кои живеат во првите куќи кажуваат дека многу им помогнало тоа што навреме биле донесени пумпи кои ја испумпале водата од дворот и практично само една од собите им беше поплавена додека се друго успеале да заштитат. Тие ми кажаа дека доколку не биле пумпите ќе им се поплавел целиот долен  кат. Ова е само еден пример. Ќе направиме се вклучително и присуство на министри, на директори на централно ниво кои имаат искуство во координација и организација во вакви кризни ситуации е ина што можеме да помогне. Ќе помогнеме исо механизација од секаков тип и се друго што моше да се стави на раполагање ќе биде ставено, додаде премиерот.

Тој посочи дека во овој регион штетите се во најголем дел на земјоделските површини и тие ќе бидат многу големи.

-Се уште не се направени првичните проценки бидејќи водата се уште е на нивите. Проценка се пави откако водаа ќе се повлече и ќе се види што од земјоделските површини ќе остане, а што ќе биде уништено. Владата ќе излезе со помош, потенцираше премиерот.

 

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега