Костадиновски во посета на поплавените места во кочанско

Поплавите во кочанско направија големи штети пред се на земјоделските површини и оние насеани со житни култури. Надојдените води на Кочанска, Оризарска и Трканска река поплавија делови на повеќе населени места во општина Кочани.

Поплавените места во кочанско денеска ги посети заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски заедно со градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски и претставници од Кризниот штаб на тој град за да се согледаат последиците од поплавите и да се преземат мерки за нивно надминување.

- При посетата на село Тркање жителите се пожалија за штетите кои ги направила Трканска река низ целото населено место. Еден дел од селото е отсечено, водите однесоа и дел од мостот кој ги поврзува стотината куќи од едниот со другиот крај на селото. Ваквата состојба ке се санира со помош на општина Кочани и КЈП Водовод која со механизација ќе работи на регулација на коритото на Трканска река за да може водата да се повлече кон коритото на Кочанска река, изјави Костадиновски по направениот увид на теренот во село Трање.

За регулација на Трканска река и изградба на канализација, посочи тој, во завршна фаза е проектот, при што ќе се изгради мост на реката и улици од двете страни.

- Инаку за целосно завршување на проектот на општина Кочани и се потребни од 700.000 до 800.000 евра, средства кои општината и Министертвото ќе ги бараат од кредитори и мегународни организации, истакна Костадиновски.

Според него, во атарот на Кочанско, Зрновски и Чешиново-Облешево се поплавени 1.500 хектари земјоделско земјиште од кои и 150 хектари под житни култури.

- Состојбата ја следиме од час во час. Нивото на водите на Кочанска, Оризарска и Трканска река е намалено, па нема опасност од нови поплави, изјави градоначалник на општина Кочани, Ратко Димитровски.

Кризниот штаб на општина Кочани ја следи состојбата и заедно со месните заедници се справува со оваа елементарна непогода. 

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега