Зајашка река направи проблеми - евакуација во Кичево

Црвениот крст на Република Македонија денес изврши дистрибуција на хуманитарна помош за натраданото население во поплавените подрачја.

Во Битола се доставени 300 пакети со прехрамбени производи, исто толку пакети со средства за хигиена и 50 пара гумени чизми и 800 ќебиња.

 

По 50 пакети храна и средства за хигиена, како и 50 пара гумени чизми у 40 ќебиња се доставени во Прилеп, Во Штип, како што соопшти Црвениот крст доставени се по 50 пакети средсва за хигиена и прехрамбени продукти, 80 ќебиња и 50 пара чизми.

Во Кочани и Струмица, по 25 пакети храна, 50 пакети средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња.

Од Црвениот крст соопштуваат дека излевањето на Зајашка река во Кичево загрози околу 70 семејства кои биле веднаш евакуирани вчера попладне. По направената проценка за потребите на настраданото население доставени му се по 70 пакети храна и средства за хигиена, 150 ќебиња и вода за пиење.

Поради излевање на каналите во населбата Бањешница, Гостивар поплавени се 30 семејства на кои исто така им се доставена хуманитарна помош.

Преку телефоните за донации од трите мобилни оператори обезбедени се вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741.987 денари.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега