Груевски на терен - ќе изврши увид на поплавените подрачја во Новаци и Могила

Премиерот Никола Груевски денeска на терен ќе ги посети поплавените подрачја во Новаци и Могила, како и повеќе населени места во битолско кои беа зафатени од невремето.

Премиерот придружуван од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе оствари средби и со граѓаните од поплавените  локации во општината Новаци.

Во 14:00 часот, премиерот Груевски ќе оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци, а во 14:30 часот, ќе одржи состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој ќе присуствуваат градоначалниците на општина Битола Владимир Талески, на општина Новаци Лазар Котевски и на општина Могила Стево Пивковски.

Потоа, премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и група земјоделци, во општината на Новаци.

Во 15:30 часот, ќе ги посети општина Могила и оштетениот мост на река Шемница (на 2 километри од Могила), а потоа и поплавените локации во село Ношпал по стариот пат за Прилеп.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега