Еве каде наврна најмногу дожд во Македонија

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Ѓуриште 36 литри на метар квадратен, во Лазарополе 35 и во Демир Капија 34, соопшти УХМР.

Во Пожаране и Крива Паланка наврнале 29 литри на метар квадратен, 25 во Штип, 24 во Дебар, 22 во Виница и Маврово, 21 во Куманово, 20 во Охрид, 19 во Берово, 18 во Скопје на Зајчев Рид, 18 во Кавадарци, 17 во Тетово, 15 во Крушево, 14 во Дојран, 13 во Претор и Струмица, 12 во Скопје-Петровец, Гевгелија и Пожаране, 11 во Битола и Тополчани и 10 во Прилеп.

Снег најмногу има во Маврово односно во Маврови Анови каде се измерени 50 сантиметри, потоа 44 во Лазарополе, 38 во Крушево и осум во Пожаране.

Утринава во 7 часот во Маврово биле измерени -3 степени, -1 во Крушево, Лазарополе и Берово, 0 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец и Куманово, 2 Тетово, Дебар, Виница, Претор, Струмица, Прилеп, Битола, Штип и Д.Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци и Гевгелија, до 4 степени во Дојран.

 

 

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега